
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и со предлог до Основниот суд Битола побара на едно лице да му се определи мерка притвор, бидејќи постои основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на Наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При извршен претрес во домот на осомничениот, 38-годишен битолчанец, службените лица пронашле наркотична дрога – хероин.
Осомничениот на 23-ти март 2021 година, неовластено заради продажба од непознато лице купил дрога, која потоа во својот дом ја препакувал во 26 полиетиленски опаковки со вкупна маса од 44,10 грама.