
Играч на младата екипа на италијанскиот фудбалски прволигаш Лацио, 19-годишниот Дание Гверини загина во сообраќајна несреќа која се случила во средата навечер на јужната периферија на Рим.
„Сите во клубот сме во шок и болка. Изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на Даниел Гверини“, објави Лацио.
Според извештаите во италијанските медиуми, несреќата се случила поради неприлагодена брзина, а Гверини со својот автомобил удрил во друго возило со коешто управувал 68-годишен возач.
Гверини во Лацио дојде во јануари годинава, а претходно настапуваше за Торини, СПАЛ и Фиорентина.