
Вакцината против корунавирусот на компаниите „Фајзер“/„БиоНТек“ почна да се тестира и врз деца на возраст од шест месеци до 11 години, изјави денеска портпаролот на „БиоНТек“ за ДПА.
Вакцината против Ковид-19, заеднички изработена од компанијата со седиште во Мајнц и американскиот фармацевтски гигант, досега доби условно одобрување за адолесценти на возраст од 16 и повеќе години.
Првите испитаници на возраст од 11 и помалку години вчера ги добија своите први дози од вакцината, како дел од првата фаза на студијата. Доколку безбедноста и ефикасноста се потврдат и властите дадат одобрение, вакцината може да им биде достапна на помладите деца на почетокот на 2022 година, соопштија двете компании, пренесе ДПА.