Сончево со слаб југозападен ветер

Утрото во Македнија во саботата е ведро и студено со негативни температур, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Минималната температура ќе е во интервал од минус 6 до 0, а максималната од 10 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со слаб југозападен ветер. Минималната температура се спушти до минус 3, а максималната ќе достигне до 14 Целзиусови степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и потопло со пораст на температурите на воздухот. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во среда