Д-р Трајкова: Македонија е завиена во црно, а вие не најдовте време да влезете таму каде што умираат луѓето, лесно се менаџира од кабинет!

Инфектолог од велешкото Инфективно одделение кое е претворено во Ковид-центар денеска преку Фејсбук упати остра порака до луѓето кои го водат македонското здравство.

Станува збор за Д-р Славица Трајкова, која е наградена од општина Велес за борбата против пандемијата.

Таа преку статус на социјалните мрежи прашува зошто никој не го слуша гласот на луѓето во скафандери кои, како што вели, се во првата линија од фронтот против короната.

„Секојдневните трагедии што ги доживуваме сите ние кои работиме во Ковид-центрите се НЕИЗДРЖЛИВИ! За пациентите и нивните фамилии не се ни опишува. Македонија е завиена во црно! А нашите професоришта и стручњачишта чекаат дневен ковид биланс од 2.500 заболени!!! Па потоа ќе размислуваат што понатаму??? Не така! Сите ОСТАВКА до еден, оти не ве бива. Еднаш не го слушнавте гласот на луѓето во скафандери, не најдовте ниту еден ден да влезете таму каде што умираат луѓето! Лесно се менаџира од кабинет! Ја сотревте Македонија“, напиша Д-р Трајкова.

https://www.facebook.com/slavica.trajkova.90/posts/488174975954097