
Американската администрација преку низа критички изјави се обидува да изврши притисок врз Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и авторите на извештајот за потеклото на коронавирусот, изјави во понеделникот на редовниот брифинг со новинарите, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан.
Како што порача портпаролот на кинеската дипломатија, Пекинг не ги прифажа бескрајните обвинувања од страна на САД и обидите да се оцрни Кина во борбата против пандемијата на коронавирусот.
„Кога САД ќе станат исто толку отворени и транспарентни по темата за порагата по изворот на потеклото на коронавирусот како Кина? Зошно не ги поканат експертите на СЗО да ја спроведат истата работа во Соединетите држави? Зошто не ги поканат меѓународните експерти да ја посетата, да спрведат соодветена истрага и да ги анализираат податоците од лабораториите во Форд Детрик?“, праша Жао.
Портпарокот додаде дека со ваквите изјави САД сакаат да извршат притисок врз експертската група на СЗО.
„Би сакал тогаш да прашам, кој дел од извештајот го напишала кинеската влада? Дали кинеските власти се обидуваат да манипулаираат пружајќи ги сите услови за заедничкото истражување?“, резимираше официјалниот претставник на кинеската дипломатија.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно викендов во интервју за телевизиската мрежа CNN изјави дека Вашингтон го чека објавувањето на извештајот на тимот стручњаци на СЗО за коронавирусот, но дека е загрижен поради тоа што наводно кинеските власти се мешале во неговата подготовка.
Истовремено во петокот од СЗО соопштија дека извештајот на меѓународната ескпертска група која ја посети Кина во периодот меѓу јануари и февруaри за да се дознае потеклото на новиот коронавирус SARS-CoV-2, ќе биде готов за неколку дена
Експерите на СЗО пристигнаа во кинескиот град Вухан на 14-ти јануари, по што беа ставени во двонеделен карантин во текот на кој водеа видео-конференции со кинеските колеги. На последната пресп-конференција на 9-ти февраури, претставниците на меѓународниот тим рекоа дека не успеале да постигнат поголем напредок, но дека во текот на задничката работа со колегите од Кина можеле да ги утврдат главните хипотези за појавата на коронавирусот. Најверојатната верзија според експертите е дека вирусот се пренесувал од дивите животни преку посредник. Објавувањето на извештајот првично бепе планиранот за февраури, но потоа неколкупати беше одложувано.
Мисијата беше изложена на критики, а СЗО цел на обвинувања дека многу се потпирала на премногу политички компромитираните кинески податоци и на теренската работа. Членовите на тимот и самите рекоа дека Кина била воздржана во споделувањето на клучните податоци кои би можело да упатуваат дека болеста се ширела со месеци пред да биде препознаена.