Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност за пандемијата со ковид -19

Претседателот на државата Стево Пендаровски за утре во 14 часот закажа седница на Советот за брзбедност. На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19, информираат од Кабинетот на шрфот на државата.

„Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, соопшти Кабинетот на Пендаровски.