Австрија преговара за купување милион дози од вакцината „Спутник V“

Австрија преговара со Русија за купување милион дози од вакцинта „Спутник V“ којашто Европската агенција за лекови (ЕМА) допрва треба да ја одобри, соопшти во вторникто канцеларот Себастијан Курц.

Курц е изложен на критики од австриската опозиција, бидејќи неговата влада не набавила доволно количество вакцини против Covid-19 преку централизираниот систем на Европската унија, додека канцеларот го критикува овој систем дека потфрлил.

„Не смее да има никава геополитичка тесноградост кога во прашање е набавката на вакцините“, изјави Курц додавајќи дека Австрија е во преговори со Русија во врска со купувањето на вакцината „Спутник V“, како и дека Москва понудила испорака на милион дози до април.

„Единствената работа којашто може да се земе предвид е дали вакцината е безбедна“, додае Курц,

„Долку Австрија ја добиде дополнителни милион дози, ќе може порано да се врати во нормалата и да спаси многу животи и работни места“, рече австрискиот концелар пренесе телевизијата ОЕ24.

Според кабинетот на Курц, Виена ја разгледува можноста за набавка на руската вакцина во април до јуни. Преговрите се веќе во тек, сѐ уште нема договор, но Австрија „во секој случај е заинтересирана“. Курц инаку уште во февраури во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин искажа подготвеност за набавка на „Спутник V“, а телефонските контакти продолжиле и со другите руски функционери во истата насока, додава неговиот кабинет.

Вакцината „Спутник V“ досега е одобрена во најмалку 59 земји. Научниците врз основа на завршните клинички испитувања во февраури потврдија дека во ефикасноста на оваа вакцина изнесува речиси 92 отсто, а резултатите од истражувањето беа објавени во референтното научно списание The Lancet.

Од земјите во Европската унија досега единствено Унгарија и Словачка ја купија оваа руска вакцина, а во Унгарија веќе се применува. Во Словачка, пак, тоа прашање предизвика политичка криза.

Курц инаку константно заговара одоржување добри односи со Русија и истакнува дека сака неговата земја да биде мостот меѓу Истокот и Западот.