
Кошаркарските екипи на универзитетите Белјор и Хјустон се првите полуфиналисти на турнирот за титулата во NCAA лигата, додека другите два учесника на завршниот турнир на четирите најдобри ќе бидат победниците од дуелите меѓу ЈуЕсСи – Гонзага и ЈуСиЕлЕј – Мичинген.
Проворангираниот Бејлор до својот прв настап на турнирот на четирите најдобри екипи по 1950 година дојде со победата над Арканзас од 81:72 (46:38). Најдобар играч на мечот беше бекот на Бејлор, Масио Тиг кој постигна 22 коша, а Џаред Батлер додаде 14 поени за победниците.
Хјустон новиот настап на Фајнал фоур турнирот го чекаше од 1984 година кога се сретнаа двете поранешни легенди на НБА лигата – Патрик Јуинг за Џорџтаун и Хаким Олајџувон за Хјустон.
За четвртфиналната побеад од 67:61 (34:17) против Орегон Стејт најзаслужни синоќа беа Маркус Сасер со 20 и Квентин Гримс со 18 коша.
Бејлор во полуфиналето го очекува победникот од дуелот меѓу Гонзага и ЈуЕсСи, а Хјустон ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Мичиген и UCLA.
Преостанатите два четвртфинални натпревари се на распоред ноќта од вторникот кон средата, а финалниот турните на четирите нјадобри екипи ќе се игра од 3-ти до 5-ти април. Сите мечеви се играат во Индијанаполис, на стадионот „Лукас Оил“.