Пендаровски до Филипче: Солидарност да, но тие луѓе не добиле помош во сопствената држава

Претседателот Стево Пендаровски во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани, реагира претседателот Пендаровски на изјавата на Филипче во која го нападна дека не било срам што македонски граѓани се вакцинирале во Србија.

– Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење  – се вели во реакцијата на Пендаровски.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку неговиот кабинетот.

– По првичните контакти во декември и од тогаш до денес, јас како Претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство – се вели во реакцијата на Пендаровски.