
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во Будимпешта ќе се состане со лидерот на партијата на италијанската владејачка коалиција Матео Салвини и полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Ова го потврди и шефот на прес службата на Орбан, Бертралан Хаваши, а потврдено е и пишувањето на италијанските медиуми дека централна тема на разговорот ќе биде создавање на нов европски сојуз меѓу унгарски Фидес, италијанска Лига и полската владејачка партија Правда и справедливост (PiS), пренесува агенцијата MTI.
Салвини веќе одржал консултации со Орбан претходно месецов за вакцинацијата, заздравувањето на економијата по пандемијата, миграцијата и семејниот закон.