Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ го моли Шилегов да „научи правилно“ да чита закони: Жално е што адвокат се посрамоти поради правното незнаење

Денеска Петре Шилегов силно манипулираше и ја лажеше јавноста кога тврди дека – „Законот вели најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис може промена на имиња на улици. Во однос на пописот се зборува за планиран односно редовен попис. Овој попис што беше најавен за сега, а е одложен за во септември е вонреден и не е планиран”, велат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не знаеме кој закон го читал Шилегов, но важечкиот закон не вели така. Се моли Шилегов да научи правилно да чита закони, кои велат една година пред попис нема промена на имиња на улици. Поточно во членот осум стои, име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект не може да се промени шест месеца пред одржување на редовни претседателски, парламентарни и локални избори и ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ПЛАНИРАН ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО“, реагираат од Советничката група

„Законот никаде не прави разлика меѓу вонреден и редовен попис, а секој попис и тој вонредниот е планиран согласно закон каков што и веќе постои. Освен тоа што е жално што адвокат како Шилегов се посрамоти поради правното незнаење, уште пожално е што турка на сила против правна одлука која ќе падне пред суд затоа што е незаконита. Знаеме веќе дека е очаен градоначалник, сега знаеме дека исто толку очаен е и правник“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.