
Светската трговска организација (СТО), кон средината на следниот месец планира да организира собир посветен на зголемувањето на производството на вакцини против Ковид-19.
-Идејата е да почнеме со решавање на неприфатливиот, нерамноправен пристап кон вакцинацијата на граѓаните во сиромашните земји – истакна генералната директорка на СТО, Окоњо-Ивела.
Во соопштението на организацијата се додава дека на собирот организиран од СТО ќе присуствуваат регионалните групи на СТО, производителите на вакцини од земјите во развој и развиените држави, како и претставници на граѓанскиот сектор.