
Времето во четвоткот во Македониај ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Утриската температура се движи од минус 1 до 5, а дневната ќе достигне од 14 до 23 Цилзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 20 Целзиусови степени.
Во петок и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури