„Излези момче“ ечеше – фудбалските херои ја сплотија Македонија (ВИДЕО)

Фудбалска репрезентација на Македонија сподели видео од соблекувалната во која ечи „Излези момче“.

Честитки и огромно БРАВО, пристигнуваат од сите страни за фудбалските херои кои вечерва ја сплотија Македонија!

Триумфирајќи над Германија со 2:0 во рамки на мундијалски квалификации, Македонската фудбалска репрезентација ја забележа една од најспектакуларните победи во својата историјa.