
Фудбалската репрезентација на Македонија ја приреди вистинската сензација на вечерта во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, побувајќи ја во Дуизбург со 2:1 селекцијата на Германија, додека другите европски великани Франција, Англика, Италија и Шпанија остварија победи.
Триумфот на македонската селекција во третото коло од Групата Ј е сосема заслужен, иако мора да се каже дека Германија не потсети на селекцијата која четири пати била светски првак а овае ѝ е првиот пораз по 17-те победи во низа во европските мундијалски квалификации.
Германија имаше привидна доминација, но приодите кон македонскиот гол беа добро затворани, а во судиското продолжение на првиот дел Горан Пандев повлече против-напад, а на крајот и самиот ја затресе мрежата на Марк-Андред тер Штеген. Израмни Илкај Гундоган во 62 минута од пенал, а кога се чинеше дека „Елфовите“ ќе направат целосен пресврт, Аријан Адеми го проигра Ељиф Елмаз кој погоди крај немоќниот голман на Барселона.
Во претходно одиграниот дуел од истата група, Ерменија во воздбудлив натпревар ја победи Романија со 3:2, остварувајќи ја и третата победа во групата.
Интересно е што сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме. Еренија поведе со голот на Едуард Спертсјан во 56 минута, а Романија направи резултатски пресврт преку Александар Цицалдау во 62 и 72 минута. Но гостите во 78 минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Пушкаш, а домашните тоа го искористија преку Вараздат Херојан во 86 и Тигран Берсегјан во 89 минута од пенал за конечен триумф.
Очекувани Исланд на гостувањето го победи Лихтенштајн со 4:1.
На табелата води Ерменија со 9 бодови, а Македонија и Германија имаат по 6, Романија и Исланд по 3, а Лихтенштајн е без бодови.
Актуелниот светски прваци Франција, и некогашните светски шампиони Англија, Шпанија и Италија не дозволија изненадувања.
Франција во Групата Д на сараевска „Грбавица“ ја совлада Босна и Херцеговина со 1:0, а стреле на решавчкиот гол беше Антоан Гризман во 61 минута. Адриен Ранои нафрли а напаѓачот на Барселона со глава ја погоди мрежата на Ибрахим Шехиќ.
Во вториот натпревар од оваа група се чини дека потфрли Украина, која по ремито со „Триколорите“ сега ремизираше со аутсајдерот Казахстан со резултат 1:1.
Франција сега води на табелата со 7 бодови, Украина има 3, Финска 2, а БиХ и Казахстан по 1 бод.
Англија во дербито од Групата И на свој терен со 2:1 ја победи Полска која играше без својот најдобар играч и стрелец Роберт Левандовски.
„Гордиот Албион“ поведе уште во 19 минута со голот на Хари Кејн од пенал, а израмни Јакуб Модер во 58 минита од првиот удар на Полјаците кон англискиот гол. Трите бодови на домашните им ги обезбеди Хари Мегваер во 85 минута.
Англија така ја продолжи серијата без порази во квалификациите за светските првенство на 24 натпревари, а последниот пораз го имаат доживеано од Украина во 2009 година. Покрај тоа, ова беше 20-от меѓусебен дуел на овие две селекции, а Полска само еднаш победила и тоа во дамнешната 1973 година.
Во истата група Албанија со головите на Манај во 63 и Узини во 85 минута со 2:0 славеше на гостувањето кај Сан Марино. Очекувана победа на гости оствари со 4:1 и Унгарија кај Андора.
На табелата води Англија со 9 бодови, Унгарија има 7, Албанија има 6, Полска има 4, а Андора и Сан Марино се без бодови.
Во Групата Ц Италија на гостувањето ја порази Литванија со 2:0, а стрелци беа Стефано Сенци во 48 и Чиро Имобиле од пенал во четвртата минута од судиското продолжение.
Во ова победа „Аѕурите“ под водство на Роберто Манчини нанижаа дури 25 натпревари без пораз, при што на 18 мечеви не примија погодок. Последниот пораз го доживеаја во септември 2018 година во Лисабон од Португалија со 0:1 во Лигата на нациите. Најдолгата серија без пораз Италија ја има остварено од ноември 1935 до јули 1939 година кога одиграле 30 натпревари без пораз.
Северна Ирска и Бугарија одигра без голови.
Италија води со 9 бодови, пред Швајцарија која има 6 и меч помалку, Северна Ирска и Бугарија имаат по 1 бод, а Литванија е без бодови.
Во Групата Б Шпанија го победи Косово со 3:1. Косовските фудбалери до 34 минута им одолеваа на налетите на „Фуријата“, но потоа беа скршени во две минути. Прво Дани Олмо во 34 минута постигна одличен погодок, а веќе во 36 минута Феран Торес го удвои водството. Косово намали во 70 минтуа со голот на Бесар Халими, само пет минути подоцна Жерард Моредно се погрижи за мирна завршница за Шпанците кои и на овој меч покажаа доза на несигурност.
Во вториот дуел од оваа група Грција во 76 минута поведе со автоголот на Какабаде, но Грузија веќе во 78 минута израмни со голот на Квартшелија.
На табелата води Шпанија со 7 бодови, Шведкса со меч помалку има 6 а Грција 2 бода, Грузија од сите три кола освои 1 бод, а Косово беше поразено во двата одиграни меча и нема бодови.
Во Групата Ф, Шкортска без големи проблеми со 4:0 ги победи Фарски острови. Стрелци беа Џон Мекгин во 7 и 53, Чи Адамс во 60 и Рајан Фрајзер во 70 минута, а Кјеран Тирнеј впиша три асистенции.
Со истиот резултат Данска на гостувањето ја совлада Австрија, а головите ги постигнаа Андреас Олсен во 58 и 74, Јоаким Маеле во 64 и Пјер-Емил Хојберг во 67 минута.
Израел со 4:1, пак, впиша гостиска победа кај Молдавија. Домашните поведоа во 29 минута со голот на Карпа, а во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме израмни Захави. Израелците во вториот дел беа супериорни со погодоците на Соломон во 57, Дабур во 64 и Натшо во 66 минута.
Данска води со 9 бодови, Шкотска има 6, Израел и Австрија имаат по 4, а Фарски острови и Молдавија по еден бод.