
Рускиот опозоциски блогер Алексеј Навални ја добива потребната медицинска нега во согласност со неговата здравствена состојба, објавено е во четврткот од Казнено-поправниот дом во регионот Владимир.
„Затвореникот Навални ја доби потребната медицинска помош во согласност со неговата сегашна дијагноза – се наведува во соопштението на управата на затворот“, ја цитираше затвораската управа агенцијата ТАСС.
Претходно во средата западните медиуми големо внимание посветија на најавата на Навални дека ќе стапи во штрајк со глад, жалејќи се на на наводната несоодветна медицинска нега во затворот.
Сепак, затворската управа оцени дека Навални е третиран во согласност со законот и дека тоа важи за сите затвореници.