
Индустриското производство во февруари годинава бележи пад од 12,2 отсто во однос на февруари лани, додека во првите два месеца од годинава во однос на истиот период лани намалувањето е за 12,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање од 28,9 отсто, кај „преработувачка индустрија“ има опаѓање од 11,2 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 2,2 отсто.
Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.