Во скопски Сарај санкционирани 75 возачи, девет немале возачка исправа

На територијата на Сарај во тект на вчерашниот ден изречени се 75 мерки меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за користење мобилен телефон.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се и осум мерки за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за непрописно престројување.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, наведуваат од МВР