
Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија и Словачка, кои го одбиле својот дел од Фајзер вакцините бидејќи ја чекале поевтината АстраЗенека, денеска имаат најнизок степен на вакцинација во Унијата, се наведува во документите на Европската унија чија содржина ја објави Блумберг.
Фајзер ги исполни своите обврски за испораката, додека АстраЗенека испорачала само 30 милиони дози од договорените 120 милиони во првиот квартал.
Како резултат на тоа, се очекува дека Хрватска и Бугарија до средината на годината ќе вакцинираат само 45 отсто од жителите што е најнизок степен на вакцинација во Европската унија. Полоша од Хрватска е само Чешка. Естонија до средина на годината ќе вакцинира 50 отсто од жителите, Латвија 53 отсто, а Словачка 46 отсто.