
Кошаркарите на Еуро Никел од Кавадарци како гости го изненадија тимот на ТФТ со 83:67, со што направија голем исчекор кон едно од првите четири места на крајот од прволигашкиот дел од сезоната.
Јане Петровски со 17 поени беше најпрецизен кај Еуро Никел додека Роберт Рикиќ и Дарко Соколов постигнаа по 14 поени, а поранешниот македонски репрезентативец имаше и 14 скокови. Амари Смит со 19 поени беше најефикасен кај ТФТ.
Ново изненадување остварија и младите кошаркари на МЗТ Скопје УНИ Банка, кои на домашен терен го средија фаворитот Гостивар со 77:72, за шеста победа сезонава и бегство од зоната за испаѓање.