Полицијата растури ковид-журка во стан во Струмица

Рано утрото во саботата, околу 3,40 часот, по претходна пријава и по овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле контрола во стан на булеварот „Ленинова“ во Струмица, сопственост на Д.А. на 22 години од Струмица, при што било констатирано дека организирал забава со уште седум лица.

Со тоа сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.