Уапсени млади лица од Белгија и Унгарија

Двајца млади мажи, едниот од Белгија а вториот од Унгарија, во петокот се приведени од македонската полиција во два одвоени случаи, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, околу 18 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај ткн Битолска крстосница, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 21-годишниот Л.Г. од Белгија затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Речиси истовремено на граничниот премин „Меѓународен аеродром“ Скопје од слобода бил лишен 24 годишниот А.Ј.од Унгарија, затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров за натамошна постапка.