
Унгарија во првата половина на мај ќе донира 40.000 дози од вакцината против коронавирусот на Чешка, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарот на социјалните мрежи.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш потврди дека Унгарија ќе ги донира вакцините на американските произвидители „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“, пренесе службената чешка новинска агенција ČTK.
Со ветените од Австрија од 30.000 и Словенија од 10.000 дози, Чешка со помош на Унгарија ќе надомести околу 70.000 дози од вакцините против коронавирусот која ги загуби поради несупешниот обид на Европската унија да ги прераспредели дополнителните 10 милиони дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“, изјави премиерот Бабиш.
Откако Австрија, Словенија и Чешка беа меѓу седумте земји кои се жалеа на неправедниот третман при распределбата на вакцините во рамките на ЕУ, Брисел во четвртокот не успеа да договори редистрибуција на дозите на вакцината од „Pfizer/BioNTech“, кои ветија дека ќе ги достават до крајот на јуни.
Во својата објава од саботата Сијарто ја критикува Европската унија поради неуспешниот процес на набавка на вакцинит.
Чешка иаки последните 14 денови имача речиси 1.070 нови случаи на заразата на 100.000 жители, што е една од највисоките стапки меѓу членките на ЕУ, според податоците на Европскиот центар за спречување и контрола на болестите.