Индиски сој на коронавирусот со двојна мутација откриен во САД

Индиската варијанта на коронавирусот со двојна мутација, таканаречениот „двоен мутент“, првпат е откриен во областа на заливот Сан Франциско, објави весникот San Francisco Chronicle.

Се претпоставува дека станува збор за првиот случај на овој нов сој на коронавирусот во САД, се наведува во прилогот на телевизискиот канал NBC Bay Area.

Според весникот, случајот на заразување со индискиот сој на коронавирусот е потврден од научниците во лабораторијата за клиничка вирологија во Стенфорд. Шефот на оваа лабораторија, Бенџамин Пински, истакнал дека се тестираат уште седум симнителни случаи на оваа варијанта на вирусот, а резултатите ќе бидат познати подоцна оваа седмица.

Како што пишува весникот, ткн „двоен мутант“, кој претходно беше откриен во Индија, има двојна мутација, но сѐ уште не е познато дали е позаразен или отпорена на постојните вакцини направени на основниот сој на коронавирусот SARS-CoV-2.

Експертот за заразни болести на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, Питер Чин-Хонг, изразил загриженост дека новиот сој може да биде позаразен, бидејќи сочинува околу 20 отсто од случаите на коронавирусни инфекции потврдени во индиската сојузна држава Махараштра.

„Ова е првпат индискиот сој да покаже дека има две мутаци во еден ист вирус, претходно откриени во засебни соеви“, рекол Чин-Хонг.

Притоа експертот истакнува дека е „оптимист“ во врска со ефикансноста на вакцините против оваа варијанта на коронавирусот, имајќи предвид дека веќе е позната ефикасноста на вакцините против јужноафриканскиот и калифорнискиот сој на вирусот.