ВМРО-ДПМНЕ: За ќефот на Заев имаше хеликоптер, за овчарот кој почина не

По една седмица во кома, денеска почина 63-годишниот овчар, кој откако преживеал мозочен удар наместо да добие адекватна лекарска помош, бил носен со часови од лекарот на итна помош низ планински терен, затоа што немало возило кое ќе го превезе, додека премиерот Зоран Заев без посебна причина и само заради терање ќеиф го користеше хеликикоптерот на Министерството за внатрешни работи, реагираа во вторникот од ВМРО-ДПМНЕ.

„Животот на овчарот од Кратово можеби ќе беше спасен доколку навреме беше транспортиран во болница. Хеликоптерот со кој леташе Заев можеше да се употреби и за спас на овој човечки живот, но наместо за спас на човечки животи хеликоптерите на државата се користат за ќефот на Заев и врвот на власта“, се истакнува во кусата реакција на опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, посочуваат дека и живото на 63-годишникот, како и илјадниците животи загубени во понадемијата на коронавирусот,  е загубен, во прев ред, поради лошата организираност на власта и нивната неспособност.