
Од 22 часот во понеделникот до 5 часот во вторникот констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие (5-ти и 6-ти април), пак, на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 481 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Covid-19.