5.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

Спасовски е министер во 2019-та, кога меѓународната мафија добива македонски пасоши

Во изјава за Al Jazeera, македонскиот министе за внатрешни работи, меѓу другото, рече дека „слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?“, праша Оливер Спасовски

На 29-ти јануари 2019 министер е Спасовски, и тој го издал пасошот на наркобосот Валид Иса Хмаис. Или Спаовски не знае во која година живее, или намерно сака да манипулира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2019 година министер е Оливер Спасовски. Изборите и техничка влада е 2020 година. Нема лек за лагите на Спасовски евидентен доказ дека е извор на лажни вести и главен логистичар на мафијата.

Тоа што денеска проба да се вади на Чулев покажува дека му е повеќе од јасно дека е виновен и дека е фатен во криминал до гуша.