Егзибиционистот од Гранада 14 часа се криел на стадионот

Егзибиционизот кој гол истрча на теренот во текот на натпреварпот од Лига Европа меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед покажал вистинска посветеност, бидејќи се мушнал на стадионот 14 часа пред почетокот на мечот и гол се криел под платно за да ги избегне припадниците на обезбедувањето и полицијата.

Гранада во четвртокот вечерта беше поразена во првиот меч од четвртфиналето со 0:2, но веста на денот беше 37-годишниот Олмо Гарсија, кого локалните медиуми го нарекоа „Голиот човек од Гранада“.

Гарсија е позната во овој андалузиски град и често може да се види како гол оди по јавни простори. Зад затворените капии на стадионот „Лос Карменес“, Гарсија истрча на теренот во 10 минута, се фрли на тревникот и се валкаше пред да го приведе полицијата.

„Мажот влегол на стадионот во 7 часот утрото откако го минал безбедносниот коридор меѓу стадионот и зградата Паласио де Депортес, каде што е јасно дека следните 14 часа минал сокриен под платно за да не биде забележан“, соопшти полицијата.

Таканаречените „страјкери“ особено ги птивлекуваат фудбалските натпревари, веројатно поради тоа што станува збор за спортски настани кои го привлекуваат вниманието на најшироката публика.