Повеќе од 30 уапсени на Сицилија во операција против мафијата

Повеќе од 30 лица се уапсени изминатата ноќ во социлијанската провинција Месина во текот на зањедничката операција против организираниот криминал од страна на полицијата, карабинерите и финансиската гвардија на Италија, соопшти во петокот за медиумите портпаролот на специјалните полициски сили.

Според насоките од Управата за борбата против мафијата во Месина, цел на операцијата биле неколку моќни мафијашки кланови, од кои едниот го водел босот Џовани Ло Дука, кој неодамна беше ослободен по 13-годишното издржување на затворската казна. Ноќта кон петокот Ло Дука повторно е уапсен заедно со 20 лица, кои се осомничени за вмешанот во разни видови криминални деловни актовности и моментално се во притвор. Уште десетина осомничени во моментов се во домашен притвор, пренесуваат медиумите.

Сите уапсени веќе добиле обвиненија за вмешаност во мафијашки активности, изнуди, трговија со дроги, киднапирања, тешки телесни повреди, недозволено поседување и носење оружје и други кривични дела. Истрагата посебно била насочена кон случаи поврзани со махинации во текот на избори, во кои биле вмешани и мафиози и претставници на политички кругови.

Во текот на истрагата, којашто траела повеќе од две години, било утврдено дек кланот Ло Дуки всушнсот ја преземал контролата на севкупните криминални актовности во провинцијата во Месина. Истовремено со ослободувањето од затворот, босот ја преземал улогата на „авторитетен“ водач кој ги решавал разните проблеми кои се појавиле меѓу водачите на другите локални криминални банди.

Паралелно со оваа истрага, припадниците на финансиската полиција спровеле истрага за активностите на кланото предводен од Салваторе Спарачо, кој го контролирал профитабилниот секор со коцкање и игри на среќа. Во текот на операцијата конфискувана е една од компаниите кои биле активни во овој деловен сектор. Правосудните органи, исто така, заплениле скапи предмети и имоти од мафиозите чијашто вкупна вредност сѐ уште се проценува, и наложиле конфискувања на неколку фирми.