
Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави своевидно „селфи“ коешто го снимило нејзиниот ровер „Perseverance“ со малиот хеликоптер „Ingenuity“ на Марс.
Роверот ја користел роботската рака за снимање на фотографијата, која всушност е споена од 62 поединечни снимки. Покрај „Perseverance“ во прв план, леталото „Ingenuity“ може да се види на оддалеченост од околу четири метри.
Хеликoптерот, тежок околу 1,8 килограми, треба следните денови да го изврши својот прв лет на Марс. Се очекува дека во текот на првиот пробен лет ќе достигне височина од околу три метра, а потоа ќе остане на едно место триесеттина секунди пред повторно да се спушти на површината на Црвената планета. Тоа ќе биде првиот контролиран лет на втора планета.
Хеликоптерот се напојува од литиум-јонски батерии, а се очекува дека „Ingenuity“ во текот на околу еден месец ќе оствари уште неколку пробни летови. На Марс пристигна склопен во подвозјето на роверот „Perseverance“ кон крајот на февраури, по повеќе од 200 дена лет и изминати 472 милиони километри.