
Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.
Меѓу другото таа споменува бројка колку вкупно постари лица се вакцинирани и ветува дека во текот на месец мај се очекува имунизација на вкупно 500 илјади лица со што „ќе се создаде можност за полесна туристичка сезона“.
-Повеќе од 176.000 баби и дедовци се позаштитени денес од Ковид-19, благодарение на масовната кампања за вакцинација, која ќе ја продолжиме со уште голема стапка, за да го заштитиме здравјето и животот на секој граѓанин. Направени се 250.676 вакцинации а 500.000 во текот на месец мај, наведува Манастирлиу.
Според неа почнуваат со имунизација на лицата над 65-годишна возраст и се планира вакцинација на 20 до 30 илјади лица дневно.