Притвор за шестемина приведени во акцијата за заплена на дрога

На шестемина приведени во акцијата на МВР и ДЕА, во која беа запленети 200 килограми марихуана судот им одреди притвор во траење од еден месец.

Судот го прифатил барањето на Обвинителството за одредување на притворот.

Полицијата вчера соопшти дека во акцијата која ја спроведе заедно со американската агенција ДЕА е запленета 200 килограми марихуана, а дека до обвинителството поднеле кривични пријави против шест лица Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје.

Полицијата соопшти и дека цел на инспекторите биле и две фирми кои произведуваат канабис за медицински цели во Прилеп и во Битола.