
Времето во Македонија во понеделникот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура се движи од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 Целзиусови степена.
Во Скопје и околината денеска ќе имаме слично време со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура се спушти до 4, а максималната ќе достигне 20 степени.
Според УХМР, од вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините, врнежите ќе бидат од снег.