Еден од владините хонорарци добил и награда од УЈП?!

Информатичарот Дејан Смилевски кој се најде на листата хонорарци на Владата, изгледа има многу среќа или УЈП плаќа дел од хонорарите плус? Имено извесен Дејан Смилевски во февруари минатата година е еден од добитниците на 100.000 денари од наградната игра Мој ДДВ-Моја награда. Оваа година повторно Дејан Смилевски е актуелен, бидејќи се најде на  листата платени владини хонорараци за Компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурација на информатички системи за потребите на Генералниот секретарјат на Владата на Република Македонија. Хонорарот му е 30.000 денари. Дали се работи за истото лице?