
Едно лице починало а едно е рането кога во понеделникот попладнето бил отворен оган пред болницата „Анри Динан“ во 16-от париски арондисман, а напаѓачот побегнал на мотоцикл, објави полицијата.
Според очевидци, пред билницата одекнале неколку истрели. Двете погодени лица биле преземени од болничкиот персонак, а едно од нив им подлегнал на повредите, навел за агенцијата AFP полициски извор.
Телевизијата BFM TV пренесува дека загинатиот бил маж, а ранетата е жена припадник на обезбедувањето на болницата и се наоѓа во тешка состојба. Напаѓачот успеал да побегне на мотоцикл, а полицијата тргнала во моторизирана потера која засега не дала резултат.
За сега нема информации за причините и околнистите на пукањето пред прватната болница на францискиот Црвен криз. Оваа геријатриска болница сега е претворена во центар за вакцинирање против Covid-19.