
На 25-ти април ќе има семакедонски протест за уставобранителите кои што невини лежат во затвор. Тој протест ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. Патриотскиот институт го поддржува. Ќе биде исклучително масовен, истакна Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во емисијата „Само вистина“.
Пандов додаде дека на тој протест на 25-ти април ќе види власта како се протестира, протестот ќе биде чист, а не како оние протести на Шарената револуција.
„Не само Макеонците, верувам дека сите граѓани ќе излезат и ќе дадат поддршка, и ќе пратат јасна порака на властодршците дека тие луѓе треба час поскоро треба да бидат ослободени“, порача Пандов.