Притвор за тетовецот во чиј „хамер“ беа најдени 100 пакувања со кокаин

Во вторникот попладнето 31-годишниот А.Б. од тетовски Порој, со кривична пријава поднесена од СВР Тетово, бил изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Тетово, кој му определи мерка притвор од 30 дена, а поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Станува збор за случајот кога во понеделникот вечерта на паркинг во Порој, во неговото теренско возило „хамер“ биле пронајдени 100 пакувања со различна големина со кокаин и 9 пакувања со марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.

А.Б. е биде спроведен во Затворот Скопје во Шуто Оризари за издржување на притворот, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.