
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 44-годишната З.Г. од селото Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Како што се утврдено во истагата, осомничената на 29-ти март отишла во куќата на Л.А. во селот Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути.
Една седмица подоцна, односно на 7-ми април, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.