
Данска трајно ќе ја прекине вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека, објави денес данската телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори.
-Таквиот потег ќе предизвика одложувања во кампањата за вакцинација во таа земја, пренесува Ројтерс.
Претходно, Европската комисија објави дека нема да ги обнови договорите за вакцини со АстраЗенека и Џонсон&Џонсон за следната година и дека официјален Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија mRNA, како што се вакцините Фајзер и Модерна.