
Времето во Македонија во средата ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на север и на запад. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.
Утринската температура се движи од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината декенеска ќе биде променливо облачно со повремен краткотрајно пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Во четврток и петок ќе има повеќе сончеви периоди, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег ќе настапи за време на викендот