
Туристичко-угостителската комора (ТУК) на прес-конференција денеска ќе ги презентира барањата за мерки за поддршка на угостителскиот сектор поради штетите предизивикани од корона-кризата.
– Состојбата во секторот во моментот е крајно алармантна и правните субјекти се соочуваат со колапс. Угостителскиот сектор од 14 март 2020 година се до денес работи под рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосни рестрикции, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанок на деловната активност и загуба на работни места, информира Туристичко-угостителската комора.
Ставовите на ТУК ќе ги изнесе потпретседателот Мартин Ангеловски