ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи петтиот пакет на мерки, со саати се чека да ја стават точката на дневен ред

СДСМ го кочи петтиот пакет на мерки, со саати се чека да ја стават точката на дневен ред, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки, ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница, кажа Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е неодговорна кон државата и граѓаните. Фирмите страдаат заради нивното политиканство. Десетици илјади граѓани чекаат помош. Цела држава, сите граѓани, сите фирми се свртени кон собранието, а СДСМ прави театар и сака да собира политички поени. Граѓаните сега гледаат – СДСМ го кочи 5-тиот пакет на мерки и помошта кон граѓаните и фирмите. Ајде СДСМ ставете го 5-тиот пакет на мерки на гласање и да им помогнеме на граѓаните“, наведено е во соопштението.