
Денеска е можно да се извршат неколку трансплантации на органи кои се донирани со согласност на семејството на млада пациентка, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Денеска има млада почината пациентка, има согласност за донација од семејството, сега се прават проверки дали може да се направи трансплантација на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти и во денешниот ден сѐ ќе се заврши – рече Филипче.
Ќе работат истите тимови како во претходната траснплантација, додаде тој.