Пелистер го декласираше ТФТ

Во претпоследниот меч од регуларниот дел, битолски Пелистер му одржаа лекција на ТФТ совладувајќи го со убедливи 104:68.

Кесар со 27 поени и 6 скока беше прв стрелец, а зад него Малешевиќ постигна 22 поени, Стајиќ запиша 12. Кај ТФТ, Смит беше најдобар со 14 поени.

Неизвесна битка имаше само на стартот на мечот, гостите трипати поведоа (0:2, 4:5 и 5:6). Битолчани со серија од 7:0 дојдоа на плус осум (22:14).

Лесно го наметнаа темпото, по првото полувреме имаа предност од 45-33, но не застанаа пред крајот на третата четвртина негативата беше 24 поени (71:47).

До крајот предноста се одржуваше за конечни 104:68.