
За Австрија ќе претставува голема чест доколку претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави одлучат да се сретнат во Виена, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц, пренесува агенцијата ТАСС.
– Австрија веќе е во контакт со Русија и САД за потенцијална средба меѓу Џо Бајден и Владимир Путин, рече Курц.
Во интервју за германскиот портал „Пионир” тој вели дека Австрија не се однесува како медијатор.
– Но, секогаш има неутрални земји кои се избрани за дијалог и преговори, рече Курц.
Според него, и за Европа и за светот е добро да се одржи ваква средба.
Loading…
– Локацијата не е важна, но секако, ако се одржи во Австрија, во Виена, тоа ќе биде голема чест за нас, истакна австрискиот канцелар.