
Арта Биљали Зендели пратеничка од ДУИ, во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма, вели дека парламентарното мнозинство било изнервирано од обвинувањата од страна на опозицијата дека парламентарното мнозинство е нестабилно, и токму поради тоа спикерот Талат Џафери ја ставил 32-та седница за да провери, а на која гласаа двајцата заразени пратеници од СДСМ и ДОМ од корона вирус.
-Нон стоп што повикуваат од опозицијата дека власта го нема потребното мнозинство. Тоа веќе е научено како рефрен, немате 61, немате 62, немате мнозинство, немате мнозинство и сакаа со присуството на 32та седница да покажат дека тие се водители на процесите а не парламентарното мнозинство, мислам дека тоа беше точката што спикерот Џафери инсистираше по секоја цена да се изгласа 32-та седница, и затоа што тоа беше некако како клуч дали имаме 61 пратеник. Ние знаеме дека имаме, но фактот дека опозицијата нон-стоп тапка во место со еден ист рефрен, го натера спикерот Џафери да покаже и докаже дека владата го има потребното мнозинство, вели пратеничката Биљали Зендели.