
Седат Пекер, осомничен и баран од турските власти како водач на организирана криминална група кому македонското Министерство за внатрешни работи му издало и македонски пасош под името Џадин Амедовски сѐ уште е водечка тема во регионалните медиуми, а особено во Турција каде минатата седмица беа спроведени повеќе десетици апсења на членови на неговата група и поблиски соработници.
И додека турската полиција влезе во домот на Пекер, медиумите одвај дочекаа да го фотографираат раскошот во кој живее тој поради недостапниот терен.
Станува збор за вила вредна неколку милиони евра сместена среде шума.
Таа се наоѓа во Истанбул во округот Бејкоз, а според фотографиите објавени во турските медиуми цела е опколена со бодликава жица.
Поседува базен, а пред влезот има и топ кој симболизира моќ.
Едно е само прашањето на целата јавност? Непознато е каде заминал мафијашот со македонскиот идентитет и пасош кој му го издало МВР под чие раководство е Оливер Спасовски.
Своевремено македонските власти, откако Турција бараше негова екстрадиција, го протераа Пекер во Косово каде што по него немаше потерница, но постојат индиции дека се вратил во земјата.