
Зоран Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во владата, со кого се сретнал и за што е разговарано?!, ова денес преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Сите видовме како функционери и коалициони партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број на криминали. Зоран Заев не одговора дали покрај средбите со неговите луѓе, партиски соработници и коалициски партнери, Пекер имал средби и во владата, за што е разговарано, дали можеби е зборено за бизниси и дали тие бизниси се поврзани со Вице Заев?! Јавноста заслужува да знае!, потенцираат од партијата.
Од таму додаваат дека дополнително Заев мора да одговори, дали во целиот период додека Пекер бил во Македонија, тој не добил известување од АНБ за опасноста на истиот, а со тоа и дека тој и неговите луѓе не треба да комуницираат со него? Доколку не што правела АНБ? Доколку да, зошто не ги послушал?