Бесплатни ПЦР-тестови за странските туристи

За да не биде дополнителен товар за потенцијалните туристи, ние соодветно ќе надоместиме ПЦР-тестовите да бидат направени од наша страна, информира вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

– Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство, затоа што сметаме дека само кредибилни и јавни институции можат да спроведат ПЦР-тестирање на ваков начин и во толку голем обем, како што имаме предвидено – рече Битиќи.

Тој рече дека се очекува годинава земјава да ја посетат 50.000 странски туристи.

Туристичките работници преку стопанските комори во изминатиот период бараа државата да обезбеди бесплатни тестови за странските туристи со што ќе им овозможи да се одлучат за престој во туристичките локалитети во земјава.